Радио Милева
„copy-paste“ на Милица Павловиќ

Сузана Гавазова со кренати нозе во видео монолог раскажа како споделува љубов (ВИДЕО)

Сузана Гавазова со кренати нозе во видео монолог раскажа како споделува љубов (ВИДЕО)

Сузана Гавазова  имаше своја верзија на тоа како го доживува денот на вљубените и виното, воопшто љубовта, романтиката, близната со некого, цвеќето, подароците од драга личност…

И сето тоа македонската фолкерка убаво го спакувала во едно кусо видео во кое покрај вокалните, се обиде да ги покаже и актерските способности…

Љубовен монолог за емотивните афинитети на пејачката, во соло приказна во која објасни што е тоа што и ги „буди пеперутките во стомакот“… Или поточно, дали е вљубена и во кого, како ја доживува љубовта, романтиката, како ги споделува љубовните мигови и подароци дадени од срце… И сето тоа без да запее.

Ама затоа Гавазова во видеото имаше богат мизансцен и сценски движења… О д прошетка низ просторот, преку качување по скали, па се до седнување во фотелја во која покрај говорот, пејачката размени повеќе впечатливи пози. Најпривлечна секако онаа кога со високо кренати нозе на фотелјата, признава дека е заљубена, и тоа многу, ама не кажува во кого. Иако не е тешко да се погоди, зашто фолкерката е оддамна мажена… Како што не е тешко да се погоди каде запира погледот на истата таа сцена!

И сето тоа е привлечно и примамливо, интересно и допадливо, ама само уште да беше оригинално… Но, зажал, не е!

Имено, само неколку дена претходно, српската фолк пејачка Милица Павловиќ  на својот Инстаграм профил го направи истото пред празникот на вљубените, по повод на промоцијата на својата нова песна и видеоспот „Статус кво“.

И тоа српската „секси сењорита“ сними не еден , туку неколку вакви клипа.

Како и да е, „копи-пејст“ на Милица Павловиќ или не, Сузана Гавазова проба да направи нешто што е поразлично од другите, барем на македонската естрада. Конечно, погледнете ги видеата, споредете ги, па проценете самите…

Останати вести од Радио Милева