Љубов и Секс

Страстен љубовник или ниско либидо: Карактеристики на лицето кои ги имате откриваат какви сте во кревет

Страстен љубовник или ниско либидо: Карактеристики на лицето кои ги имате откриваат какви сте во кревет

Кои се вашите црти на лицето?

Некои луѓе имаат навистина високо либидо и се страствени љубовници.

Од друга страна, има и такви на кои водењето љубов воопшто не им е на прво место.

Сепак, што велат истражувањата?

Станува збор за психолошка интерпретација која открива што кажуваат цртите на лицето за вашиот сексуален живот со партнерот. Дали сте страсни во сексот или имате скромни и ограничени сексуални апетити?

Усни

Ако горната усна ви е поголема и испакната напред, имате силен сексуален нагон, додека оние кои имаат горна усна потенка или пократка од долната усна брзо и лесно доживуваат оргазам.

Полната долна усна е карактеристична за оние кои постојано копнеат за сексуални задоволства, а тенката долна усна, пак, укажува на личност со скромни или ограничени сексуални апетити. Светлите усни ги откриваат млаките љубовници (претпоставувам дека девојките сакаат да го покријат тоа со нивните омилени светло црвени кармини).

Очи

Кој има изразито сини или зелени очи во сексот треба да биде исклучително креативен и остварен, додека кафените очи сугерираат љубовник-авантурист.

Очите кои се закосени нагоре ја нагласуваат сензуалноста, иако, за некои луѓе, без разлика каква боја им се очите, нема да имате многу време за анализа – тие ќе бидат светкави, мистериозни и магнетно привлечни. Тоа е доволно добар знак.

Нос

Малиот нос издава скромна сексуална желба, големиот – обратно. Ако крајот на носот ви е заоблен надолу, вие сте сензуални, но и себични во креветот, понекогаш нетрпеливи, а понекогаш го задушувате и вашето и либидото на партнерот.

Луѓето со целосно искривен нос потполно, и со душата и со телото, се губат во страста за време на односот.

Уши

Луѓето со мали ушни школки имаат силен сексуален нагон и лесно го задоволуваат партнерот, иако често не можат сами да се опуштат и да достигнат кулминација. Луѓето со поголеми уши се сензуални и страсни љубовници.

извор: Попара.мк

To top