Бакнувањето ни помага да се одбраниме од разни инфекции.
Дали знаевте дека со бакнување се активираат дури 36 мускули на лицето, се согоруваат калории и се зголемува нивото на хормони во крвта? Поточно, бакнежот кој трае една минута може да ослободи дури 26 калории од телото.
Освен тоа, бакнувањето ни помага да се одбраниме од разни инфекции, а како што тврди д-р Алан Кларк, водечки стоматолог и директор на клиниката „Paste Dental“ во Белфаст, тоа може да биде корисно и за нашата хигиена на забите и непцата.
„Бакнежите, особено страсните, го поддржуваат производството на плунка, која пак ги одржува здрави устата, забите и непцата“, објаснува стоматологот. Тој вели дека бактериите во устата на другите луѓе не се навистина толку лоши.
„Некои организми во вашата плунка всушност можат да помогнат да се намали растот на бактерии одговорни за орален дрозд или некои стрептококни бактерии кои можат да предизвикаат расипување на забите“, вели тој, додавајќи дека бакнувањето исто така може да го зајакне имунолошкиот систем, а изложеноста на здрави бактерии ја зајакнува отпорноста на телото на потенцијални инфекции.
„Околу 80 проценти од плунковните бактерии се заеднички за секого, само 20 проценти се единствени за вас. Бакнежот го стимулира телото да создава антитела и на тој начин помага во борбата против штетните инфекции“, вели тој и советува да не се бакнувате кога сте настинати или кога вашиот партнер или вие имате херпес, кој лесно може да се пренесе.
Претходно неговиот колега д-р Калед Касем советуваше дека покрај редовното миење и чистење со забен конец, бакнувањето по четири минути дневно ќе го подобри здравјето на забите.
Исто така, не заборавајте дека е многу важно да не се занемарува секојдневната хигиена на забите и редовно да се грижите за своето здравје со посета на стоматолог.
извор:курир.мк