Радио Милева

Среќни вести во домот на пејачот: Ламбе Алабаковски ќе стане татко за вторпат

Среќни вести во домот на пејачот: Ламбе Алабаковски ќе стане татко за вторпат
фото: Инстаграм

Македонскиот пејач Ламбе Алабковски иако не е присутен на музичката сцена, сепак тој понекогаш е присутен во медиумите и може да прочитаме за неговите активности од САД.

Ламбе заедно со неговата сопруга Магдалена и синот Михаил живее во САД, а пејачот во една прилика истакна дека после Михаил ништо не е исто.

фото: Принтскрин/инстаграм/ламбеалабаковски

Македонскиот пејач во САД микрофонот го смени со работа како обезбедување на аеродром. Тој некогаш знае на социјалните мрежи да објави  фотографии и да открие како денес изгледа неговиот живот илјадници километри далеку од Македонија.

Ламбе ужива во семејните мигови и во љубовта со неговата сопруга  и синот, па надвор од обврските си посветуваат време и максимално уживаат.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/retko-koj-bi-go-prepoznal-na-ulica-vaka-denes-izgleda-lambe-alabakovski-foto/

Меѓутоа, деновиве среќни вести пристигнаа во домот на познатиот пејач, а тој својата среќа ја сподели на социјалните мрежи.

Имено, Ламбе откри дека ќе стане татко за вторпат. Тој на социјалните мрежи објави фотографија од ултразвук на стомакот на неговата сопруга, а во описот напиша:

„Радувајте се на малите нешта во животот тие се Најголеми! Радоста наша верувам е и ваша“, напиша пејачот во описот на фотографијата.

фото: Принтскрин/инстаграм/ламбеалабаковски

За потсетување, Ламбе ја запроси Магдалена на Голема Богородица, пред манастирот „Свети Јо­ван Бигорски”.

Останати вести од Радио Милева