Сте слушнале ли за изреката дека спротивностите се привлекуваат? Дознавме зошто ова тврдење е апсолутно точно.
Иако на првиот состанок најчесто се обидуваме да го пронајдеме заедничкиот јазик и нештата по кои сме слични, некои работи сепак не треба да бидат исти кај двајцата партнери.
Имено, како што пишува Your Tango, личноста чиј карактер е сосема различен од вашиот, ќе ве извлече од вашата комфор зона и ќе ви го прошири хоризонтот.
На пример, доколку сте интроверт и уживате поминувајќи го времето дома пред телевизија, гледајќи романтичен филм со кафе во раце и замотани во ќебе, не ви паѓа на памет да се впуштите во некоја луда авантура.
Баш тука настапува вашиот партнер кој ќе ве фати за рака и ќе ви го покаже светот надвор од четирите ѕида. Од друга страна, вие ќе му покажете дека понекогаш е убаво да се здивне малку и да се ужива во домашна атмосфера.
Ваквите партнери совршено се надополнуваат и нивните врски се совршено балансирани.
Сепак, постојат работи за кои мора да се сложите и да се разбирате меѓусебно, но допуштете си да постојат разлики помеѓу вас. На тој начин ќе биде поинтересно и ќе уживате во врската.
извор: Кајгана