Една девојка се наоѓа во триаголник кој го сочинуваат таа, нејзиното момче и нејзиното поранешно момче.
Девојка од Велика Британија се обратила на психолог за помош затоа што се наоѓа во многу непријатна ситуација. Моментално е во врска со момче кое е многу згодно и богато. Потекнува од моќна фамилија. Има голема куќа и добар автомобил, но не може да престане да се гледа со поранешното момче.
„Единствениот проблем е тоа што во сексуалниот однос воопшто не ме задоволува затоа што не е “надарен“. Се запознавме на саем за вработување додека јас барав работа, а тој стоеше пред својата IT фирма. Флертувавме, а на крајот на разговорот ми даде свој број од телефон и ми кажа да му се јавам.
Почнавме да излегуваме. Не ме повика веднаш во својот дом што ме воодушеви. По некое време ми предложи вечера кај него дома. По вечерата почнавме страстно да се бакнуваме кога тој направи шега дека најдобрите работи доаѓаат во мали пакувања. Кога се зближивме ми беше јасно на што мисли. Тој е многу љубезен и внимателен кон мене, ми купува подароци, но сексот нималку не ме задоволува“ – напишала оваа девојка и објаснила зошто сега повторно ја привлекува нејзиното поранешно момче.
„Моето поранешно момче никогаш не ме повикуваше да одиме на вечера надвор ниту пак ми купуваше скапи подароци, но сексот со него беше неверојатен. Секојпат кога ќе се сретнам со него се присетувам дека сето тоа многу ми недостасува. Го сакам моето сегашно момче, но не знам да го решам тоа незадоволство“ – заклучила таа.
Одговот на психологот:
„Дали си сигурна дека го сакаш своето сегашно момче или пак станува збор само за излегувањата и скапите подароци? Дали би го сакала доколку нема работа или пак пари?
Си имала одличен сексуален однос со поранешното момче па не можам да не те прашам – зошто воопшто раскина врска со добар партнер? Дали неговиот недостаток на пари го направи тоа?“.
извор:точка.ком.мк