Иако изгледа комплицирано, секогаш е едноставно. Слушајте што ви кажува спротивната страна и менувајте се според тоа. Постојат многу совети кои гарантираат дека ќе ве направат добри љубовници, но според секс терапевтот Трејси Кокс, овие 7 ќе ви бидат сосема доволно.
1. Слушајте и учете
Техниката може да се научи, но таа не е толку важна.
„Кога велиме дека некој е одличен во кревет, мислиме на тоа дека нам ни одговара, го прави она што ние го сакаме“, објаснува Трејси.
Ако најдете некој што сака бавен и романтичен секс исто како и вие, ќе бидете воодушевени. Целта е да го слушате она што ви го кажува партнерот и да го правите тоа. Толку е едноставно.
2. Теорија и пракса
„Сексот е како пишување на тастатура. Ако работите со 2 прста во ред е, но нема да бидете ни приближно добри како оние што ги користат сите 10 и редовно го вежбаат тоа.“
Потребно е да научите некои техники, да ги користите рацете, јазикот и играчки за возрасни, без разлика колку се сметате за привлечни. Тоа се основите, а кога ќе ги знаете прилагодете ги со вашиот партнер. Прашувајте дали е во ред, дали му/ѝ одговара она што го правите. Запомнете го одговорот и постапувајте според него.
3. Со вежбање до совршенство
Колку повеќе секс имате, толку подобри станувате. Ова особено важи за жените – оние кои имаат најмногу секс имаат најмногу оргазми.
4. Рутината е бакнеж на смртта за сексот
Рутината е добра бидејќи знаете што ве чека, но по извесен период таа е убиец на страста. Паровите кои не сакаат да пробуваат ништо ново, сигурно немаат возбудлив секс. А со текот на времето имаат сè помалку секс бидејќи им станува здодевно. Најчесто луѓето не пробуваат нови работи бидејќи им е страв дека нема да им се допаднат, дека ќе изгледаат смешно или дека нема да знаат што да прават. Но сексот треба да биде забавен, зарем не? Така треба и да му пристапувате, без оптоварувања, само забава.
5. Не судете
Да му кажете на партнерот што сакате не е наједноставното нешто на светот. Кога партнерот ќе почне да ви кажува за неговите желби, смирено слушајте и немојте да се смеете како тинејџер, да осудувате или да го сфаќате тоа како напад врз вас. Важно е да можете отворено да разговарате и вашиот партнер да знае дека нема да го осудите. Ова ќе има позитивно влијание на вашиот сексуален живот, дури и ако не се согласувате со сите предлози.
6. Потребно е да разговарате за сексот без срам
Сигурно често слушате за ова, но малку парови навистина го практикуваат. Важно е да сфатите дека само со зборови можете да опишете што точно сакате. За да избегнете каква било навреда или лутење за време на сексот, немојте да критикувате. Потоа кажете што не ви се допаднало, но внимателно. Сите се чувствителни во врска со својот перформанс, па потребно е и тоа да го земете предвид.
7. Самодовербата е многу важна
Добриот изглед сигурно привлекува многу погледи, но срамежливиот секс нема да ви ја овозможи возбудата што ја очекувате. Штом почнете да се доживувате како привлечна личност, но и така да се однесувате, во сексот ќе станете многу подобри, а уживањето ќе биде загарантирано.
извор:кафепауза.мк