Според сите нутриционистички информации, како што е случајот со сите други сегменти од животот, исхраната силно влијае и врз Вашиот сексуален живот. Прочитајте кои прехранбени производи се најдобри афродизијаци.
10 ВИДОВИ ХРАНА ШТО СЛУЖАТ КАКО АФРОДИЗИЈАК
1 И 2. ЛУТИ ПИПЕРЧИЊА И ЃУМБИР
Ја стимулираат циркулацијата. Двете растенија се користат во традиционалната кинеска медицина за стимулирање на протокот на енергија во телото (чи). Се работи за растенија со моќен вкус, па затоа е доволно малку да се додаде во јадењата.
- ОСТРИГИ
Пребогати се со витамините Б12 и Д, како и со железо и повеќе минерали. Кога кај мажите се јавува недостиг од цинк, квалитетот на спермата се намалува, но се намалува и нивото на тестостерон, што резултира со намален сексуален капацитет. Остригите исто така содржат допамин, хормон кој го поттикнува сексуалното задоволство.
- ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ
Овие плодови се богати со амино киселината аргинин, која е предуслов за создавање на азот монооксид, кој пак овозможува проширување на крвните садови, зголемувајќи ја циркулацијата низ целото тело (вклучително и пределот на гениталиите).
- ЛУБЕНИЦИ
Лубениците се одличен извор на цитрулин, амино киселина која може да се претвори во аргинин, која потоа се претвора во азот монооксид. Не заборавајте да јадете и од зелениот дел близу до кората, бидејќи таму е најголемата концентрација на цитрулин.
- АСПАРАГУС
Тој е одличен извор на железо, цинк, Б витамини и витамин Е. Особено е важен витаминот Е бидејќи тој е вклучен во стимулацијата на секс хормоните, кои потоа водат до зголемување на сексуалниот нагон и кај мажите и кај жените.
- ЧОКОЛАДО
Чоколадото содржи фенилетиламин кој помага во ослободувањето на допаминот, кој потоа го стимулира создавањето на хормонот окситоцин, кој предизвикува разнежнување. Најдобро е да јадете темно чоколадо, со содржина на какао од 75 проценти или повеќе, затоа што тоа содржи повеќе антиоксиданси, а помалку шеќер.
- АВОКАДО
Одличен извор на витаминот Б6 кој го зголемува излачувањето на машките хормони, како и калиум, за регулација на женската тироидна жлезда. Затоа авокадото го засилува либидото кај двата пола.
- МОРСКО ОРЕВЧЕ
Ова растение традиционално се користи за засилување на либидото. Можете да попрскате малку на капучиното и потоа да уживате во резултатите.
- ЦЕЛЕР
Живиот целер го поттикнува излачувањето на адростеронот, безмирисен хормон кој се ослободува низ потта на мажите. Андростеронот е моќен феромон.
Извор: Попара