Радио Милева како стојат нештата?

Сопругот на Антониа Гиговска се покажа на дело: Еве колку вистина имаше во коментарите на новопечената мајка што кренаа прашина (фото)

Сопругот на Антониа Гиговска се покажа на дело: Еве колку вистина имаше во коментарите на новопечената мајка што кренаа прашина (фото)

Неодамна во јавноста и на социјалните мрежи се „крена прашина“ околу тоа дека тазе бракот на пејачката Антониа Гиговска и музичарот Роберт Спаценцоски е на „стаклени нозе“, а се’ тоа поттикнато од еден статус на Антониа кој секој го протолкува слично, само таа „не“.

Имено, естрадната тазе мајка сподели еден цитат кој вели: „Животот е прекраток за да бидете со некого кој не мисли дека сте најдобрата жена на светот“!

Логично, оттука мислата прво падна на тоа дека бракот на Тониа и Џокер не штима. Но, демантот следеше набрзо, па новопечената сопруга и мајка реши да се исправи и да им каже на сите душегрижници дека се’ си е на место.

Како тазе мајка времето на Антониа е целосно ограничено и насочено само кон едно – бебето Киан.

Време за себе има или е сосема малку и тоа ако се добие екстра рака помош, а во случајот прва разбирливо треба да биде од сопругот.

Дека тоа е така, тој се покажа на дело држејќи го на гради заспаното бебе, а мама си даде издишка и време за себе со прошетка низ град.


Сето ова го документираа за на Инстаграм за убаво да се види и да се знае како стојат нештата за после да нема вака или онака.

фото:Инстаграм принтскрин

To top