Празниците, родендените, годишнините… не се единствената прилика кога можете и треба да подарите некому нешто и да го израдувате.
Секој ден е создаден за да предизвикате убави чувства кај саканите, да изнудите насмевка и да создадете можност да паметење и секако да добиете пофалба и да важите како пример за другите.
Очигледно ова и тоа како му е јасно, на сопругот на ТВ водителката Милена Антовска Станковска која доби букет цвеќе од својот сакан и кога нема повод за тоа.
-Најмногу сакам кога е без повод, напиша Милена во описот на фотографијата која ја објави на кусите приказни на Инстаграм.
Нека Гордан биде пример за и вие да направите нечиј ден да биде поубав!