По веста дека Соња Вуксановиќ пред еден ресторан во Нов Белград, наводно ја нападнала Катарина Лазиќ – сегашната свршеница на нејзиниот поранешен сопруг Жељко Шашиќ, , се огласи и Божана, инаку актуелна девојка на се’ уште законскиот сопруг на Соња, пејачот Аца Лукас.
„Отидов да сочекам една моја пријателка а таа стоеше на влезот. Се здаде и ме клоцна. Потоа почна да ме навредува: “Ку * ветино распадната. Веднаш ја повикавме полицијата која направи и записник. Бев во Ургентниот центар. Психички бев многу вознемирена и растроена поради тоа што се случи“ – изјавила Катарина за српски Телеграф.
Од друга страна, Соња Вуксановиќ негира дека имало било каков инцидент.
„Ништо не се случило. Дури и не знам која е оваа? Во тој ресторан бев со пријатели. Јас навистина не ги следам девојките на поранешните сопрузи, не ми е гајле за нив.Таква слава преку мојот грб ако мислат дека можат да стекнат, се зафркнале. Мене ова воопшто не ме интересира“ – категорички демантира Вуксановиќ.
Фото: А. Налбантјан, Фејсбук / Катарина Лазиќ/ATA Images