Првенствено дизајнирани за наоѓање на изгубени пријатели, а денес виновници за многу разводи во светот
Порталот „Yourtango“ пишува за не толку доброто влијание на социјалните мрежи врз браковите. Првично замислен како место каде што објавуваме слики од убаво време и наоѓаме одамна изгубени пријатели, „Фејсбук“ стана „виновник“ за многу разводи.
Да не зборуваме за тоа колку луѓе ја користат оваа социјална мрежа за да ги следат своите поранешни партнери.
Во текот на 2018 година, во Велика Британија, портал кој се занимава со раскинувања открил дека дури 20 отсто од разводите го содржат терминот „Фејсбук“, што значи дека токму оваа социјална мрежа била причината поради која дошло до раскинување.
Само неколку години подоцна, овој процент се искачи на 33 проценти.
Не е изненадувачки, причината број еден за развод генерално била „несоодветната содржина на пораките испратени до друго лице од спротивниот пол“.
Како друга причина за развод се наведува и пријателството со непознати лица и воспоставувањето контакт во форма на приватни пораки.
„Фејсбук“ навистина ни олесни да контактираме со која било личност што има профил на оваа социјална мрежа и со тоа ги доведе луѓето до разни искушенија.
Околу 10.000 парови раскинуваат секоја година, а тоа се случува во просек по 13 години заеднички живот.
Причината е главно недостатокот на отворена комуникација, младите денес немаат толеранција или мотив, а за добар брак е потребно нешто што не може да се купи со пари, а тоа е: љубов, почит, искреност, наклонетост и толеранција.
извор:popara.mk