Љубов и Секс

Со колку партнери жената треба да спие за да го избере вистинскиот?

Со колку партнери жената треба да спие за да го избере вистинскиот?

Секоја жена сама си го одредува личниот пат кон среќа, без разлика дали станува збор за брак, врска или слободен живот.

Но, сите се сложни во едно. Кога-тогаш ќе наидат на некој кој во сè ќе им одговара за доживотна врска.

Сепак, многу жени се прашуваат какво сексуално искуство треба да имаат зад себе пред да стапат во брак, со оглед на тоа што денес сè поретка е појавата жената да биде невина пред мажење.

Според последните истражувања правени во соработка со 2.000 жени, повеќето од нив се сложиле дека бројот 4 е магичен кога станува збор за тоа со колку мажи е пожелно да спиете пред да го сретнете вистинскиот за вас.

Кортни Свит, авторка на студијата, тврди дека жените дури по петтиот партнер знаат што навистина сакаат, по што и се одлучуваат дали да стапат во брак со партнерот.

Извор: Кајгана.мк