Се обвинувате себеси за последното болно раскинување? Можеби вината лежи во вашиот редослед на раѓање. Книгата „Редослед на раѓање: Што навистина кажува вашето место во семејството за вашиот карактер“ од психологот Линда Блер, вели дека многу врски не успеваат или успеваат врз основа на редоследот на раѓање на двајцата партнери. Според тој редослед, некои парови се покомпатибилни од другите.
Овој водич ќе ви помогне да откриете дали си одговарате со партнерот според редоследот на раѓање.
Првородено со последно родено дете: Спротивностите навистина се привлекуваат. Првородените деца се заштитнички настроени, а на децата што се последни родени им треба некој што ќе се грижи за нив, така што овие личности совршено си одговараат.
Единствено дете со последно родено: Ова е добар спој затоа што децата што се родени последни имаат тенденција да ги инспирираат креативноста и слободата кај децата што се сами.
Средно дете со првородено: Средните деца имаат тенденција да се здружат и со првородените деца и со децата што се родени последни. Но, двајцата партнери треба да се почитуваат меѓусебно. Првороденото дете обично е заповеднички настроено, но треба да се труди да се однесува многу подобро кон средното дете.
Двајца последно родени: Двојката составена од две последно родени деца може да биде одличен креативен спој. Но, тие треба да бидат внимателни да не бидат премногу импулсивни и да не се однесуваат незрело.
Две средни деца: Средните деца се добар спој поради нивната желба за задоволување, но треба да внимаваат да не бидат премногу различни во однесувањето еден кон друг.
Средно дете и последно родено дете: Тие се одличен спој затоа што средните деца ќе ги задоволат желбите на последно родените деца и ќе ги поддржуваат во исполнувањето на нивните соништа.
Средно дете со единствено дете: Децата што се сами сакаат да преземаат одговорност, а средните деца ќе бидат премногу среќни ако некој друг го преземе владеењето.
Но, внимавајте! Овие комбинации се опасни:
Двајца првородени: Голема е веројатноста за појава на конфликт помеѓу овие две личности затоа што и двајцата се натпреварувачки настроени и сакаат да ги контролираат работите. Можете да функционирате заедно единствено ако успеете да ја насочите желбата за натпревар надвор од врската.
Првородено и единствено дете: Во оваа врска, може да дојдат до израз сите негативни карактеристики на првороденото дете.
Две сами деца: Ова можеби не е најдобриот спој затоа што двајцата се навикнати да го добиваат тоа што го сакаат.
извор: кафепауза