Калиопи со години е препознатлива по својот минималистички имиџ и долгата и рамна црна коса.
Иако живееме во време кога жените менуваат повеќе нешта од својот изглед, Калиопи е од оние кои не претпочитаат промени.
Таа е задоволна и своја кога преферира да го носи и изгледа во она и со кое навикнала, а станало нејзин препознатлив белег.
View this post on Instagram
Таков е случајот со косата…
Години наназад ја негува долгата црна коса, но во далечната 2006 таа беше похрабра за промени, време кога имаше куса машка и руса фризура.
Некои можеби се сеќаваат, а некои не, па Опи на својот Инстаграм се присети на овие времиња кога беше речиси како друга личност.
Други времиња, друга енергија, поинаков изглед.
View this post on Instagram
Сепак, оваа имиџ екскурзија на пејачката не траеше многу, па набрзо таа се врати на препознатливиот изглед кој го има и ден денес.