Љубов и Секс

Смели потези за експресна ерекција…

Смели потези за експресна ерекција…

Понекогаш, навистина посакувате страствен секс со Вашиот партнер, но саканата реакција изостанува…Овој пат ви нудиме 10 храбри потези, со кои ќе направите неговата желба за секс „ да порасне“.

Понудете му се на масата во кујната– Паровите најчесто имаат секс во спалната соба и затоа би било добро да се промени просторијата, со цел, пожешка реакција. Променете…Нека тоа биде дневната соба, на каучот, па дури и на подот. На масата во кујна, на кујнскиот пулт…На ѕидот од претсобјето или купатилото…Нека целиот стан биде Ваш кревет…Не паѓајте само на вообичаената рутина во спалната соба. Иако креветот може да биде најудобен, не мора да значи дека е и највозбудлив…особено ако се повторува во недоглед.

Дарувајте му го својот мирис– После утринските или вечерните рекреации, кога и двајцата сте испотени…никако немојте да одите под туш! Со тоа ќе си дозволите одличен секс…Мирисајте се еден со друг и возбудувајте се.Без сомневање, нему ќе му годи Вашето испотено тело, а Вие уживајте во неговата свежа пот. Нагласуваме…свежа пот ! Ако и на двајцата ви годи после сексот, зошто да не уживате во тоа и пред сексот…?

Водете ја неговата рака– Фатете ја неговата рака и ставете ја на Вашиот стомак, на градите и на задникот. Нека го почувствува Вашето врело тело. Водете го низ ерогените зони и не дозволувајте му да ја движи раката како што тој сака. Вие сте таа која управувате со него. За крај, ставете му ја раката во гаќичките и дозволете му да го почувствува вкусот на Вашето меѓуножје. На сето тоа, додајте и лижење на неговиот прст… и учинокот ќе биде потполен!

„Додевајте“ му со врели смс пораки- Додека сте на работа, напишете му врел мејл и пратете му го.Во него, напишете ги Вашите желби за вечер, а притоа бидете што повозбудливи и имагинативни. Користете сочни изрази и пишувајте за оние работи за кои сте сигурни дека го „излудуваат“.

Милувајте ја внатрешната страна на неговите бедра и колена– Внатрешната страна на неговите колена е ерогена зона за која што повеќето мажи не знаат. Почнете со масажа, а продолжете со бакнежи и лижење. Изненадете го и покажете му дека може да ужива во работи за кои никогаш нема помислено.

Издишувајте секси– Кога ќе ве помилува по косата, издишете заводнички и секси. Кога ќе ве помилува уште еднаш, појачајте ги издишките. Мажите тоа радо би сакале да го слушнат, па со тоа дополнително ќе го стимулирате да ве доведе до уште посилни воздишки.

Потполно мокра завиткајте се во него– После туширањето немојте да се бришете, туку тотално мокра завиткајте се во него. Вашето мокро, миризливо и депилирано тело потполно ќе го возбуди…На сето тоа додадете и игра со пешкирот кој „ случајно“ ќе Ви падне.

Не бидете срамежливи: Подгответе му секси стриптиз- Стриптизот секогаш е полн погодок. Особено ако го изведете како што треба. Затемнете ја собата, зачинете ја со бавна песна и секси движења, заводнички соблекувајте се и на крај фрлете ја целата гардероба врз него. Кога ќе дојдете до гаќичките, ставете ги во неговата уста, излудувајќи го со вашиот мирис.

Пофалете го неговиот пенис- Кога ќе дојде свежо истуширан, искористете ја приликата да го пофалите неговото тело па и неговиот пенис. Пружете му самодоверба за да се чувствува како најпосакуваниот и најсексипилниот маж на светот. Гледајте го провокативно, со што самиот ќе разбере дека го сакате „меѓу нозете“.

За време на сексот останете во чизми или вртоглаво високи потпетици- Обидете се на партнерот да му понудите нешто ново со тоа што нема да ги соблечете чизмите или ќе оставите дел од накитот да паѓа на Вашите гради. Ова за него ќе биде нешто поразлично и ќе го возбуди експресно брзо, советува Intimate Medicine.

извор:боза.мк

To top