Сузана Гавазова никогаш не мирува. По дома вредна домаќинка, а професионално комплетно предана на музиката и настапите пред македонската публика и онаа во дијаспора.
Кариерата никогаш не смее да трпи и за тоа мора да се има енергија и да се биде посветен и постојан, а Сузе како искусна тоа многу добро го знае.
Публиката секогаш сака да слушене и види нешто ново, па за да не досади таа не остава да биде без нова песна и спот како и сега.
View this post on Instagram
Сме ја виделе во разни изданија, а овој пат таа на совојот Инстаграм откри дека снима нов спот во Охрид.
Оттаму објави неколу интересни фотографии на кои е стилизирана речиси до непрепознатливот. На дел од нив во своите препознатливи изданија, но во друг сегмент како од вестерн филм, каубојка со плетенки и тексас градник од кој бујните гради се во преден план.
Следно навидум чиниш е девојка која е статист во спотот, но фаталната русокоса како Марлинка е токму таа – Сузе.
Треба да загледате подобро за да ја препознаете бидејќи во ваква трансформација Гавазова не сме ја виделе досега. Како ќе изгледа финалното аудио и визуелно дело, останува да видиме кога ќе биде готово…
фото:Instagram printscreen/ suzanagavazova