Радио Милева неприсатоен предлог...

Слоба Радановиќ уште додека бил во брак со Кија Коцкар ја заведувал оваа пејачка: Тој бил во жирито, а таа малолетна „Пинкова ѕвезда“ (ФОТО)

Слоба Радановиќ уште додека бил во брак со Кија Коцкар ја заведувал оваа пејачка: Тој бил во жирито, а таа малолетна „Пинкова ѕвезда“ (ФОТО)

Пејачот Слоба Радановиќ влезе во врска со блогерката, сега и пејачка Луна Ѓогани во текот на првата сезона реалното шоу „Задруга“, иако тогаш беше во брак со Кристина Кија Коцкар, која исто така влезе во споменатото ријалити, му се спротивстави, а подоцна и победи во шоуто и започна пејачка кариера.

Како што одминуваше времето, се шпекулираше дека Радановиќ не само што ја прељубил својата сопруга со Луна, туку дека имало и други девојки на кои јавно им се додворувал додека бил во брак со Кија.

Во тоа време, испливаа пораки во јавноста, во кои Слоба го фали телото на младата колешка од „Пинк sвездите“, Лејла Захировиќ, која во тоа време била малолетна.


Потоа нејзината менаџерка остварила телефонски повик јавувајќи се во програмата во живо и го кажала следново:

„Г-дин Слободан изостави важен детал, дека Лејла во тоа време беше малолетна и беше придружувана од нејзините родители. Тој и пишуваше одвратни работи. Лејла вечерва пее во дискотека, нема потреба да бара никаква слава преку неговите „непристојни предлози“…

Нејзе едноставно и беше жал за Кија и затоа не ги објави јавно пораките. Лејла не сакаше ништо и на тоа се’ се заврши. Но, тој и пишуваше перверзни пораки од типот: „имаш убаво га*е“ на една малолетничка, што е многу одвратно“ – рече менаџерката на Лејла, додавајќи:

„Слобо ја користеше секоја ситуација и во студиото за време на натпреварот да и додева. Тоа траеше и траеше, но Лејла го одбиваше и успеа да се откачи од него“ – завршила менаџерката.

Фото: E-Stock / Иван Добричиќ / Инстаграм принтскрин

To top