Радио Милева

Славица Чуктераш се повлече од јавноста, но сега живее како во бајка

Славица Чуктераш се повлече од јавноста, но сега живее како во бајка

Славица Чуктераш беше една од најпопуларните пејачки во „Ѕвездите на Гранд“, но одлучи да го промени животот од корен и да се повлече од естрадниот живот.

Сфати дека семејството е нејзин приоритет откако се омажи за фудбалерот Владимир Аврамов со кој претходно беше во врска повеќе од четири години и му роди ќерка.

Деновиве има повод за славење, а станува збор за роденденот на нејзината наследничка.

-Ќерко моја, ти благодарам што ме направи мајка и благодарам што јас сум твоја мама. Фла за преубавата година со мојот живот и неизмерната љубов. Сакам ти да живееш живот со полни гради, да се радуваш на секој нов ден, да веруваш во Дедо Мраз и бајки и да знаеш дека животот е бајка. Среќан 1 роден  ти посакува мама, напиша Славица.

To top