Скопјанката Андријана Петрушовска во саботното издание на актуелната сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ кое е пред крајот, обезбеди влез во полуфиналето.
Со секоја нејзина појава Андријана го привлекуваше вниманието, градејќи слика за себе на модерна естрадна ѕвезда, а овој пат повторно „крена прашина“ со изгледот како ангел на „Викторија сикрет“, само овој ангел беше на сцената на „Гранд“.
View this post on Instagram
Згодната Македонка дефинитивно повторно беше една од највпечатливите учеснички која дефинитивно знае како да го истакне сиот свој сексапил со кој покрај пееето, ги „купува“ и гласовите жирито и симпатиите на публиката, па така од круг во круг, стигна до полуфинале.
Со одлична изведба на песните „Ја волим свој грех“ и „Инсомниа“, Андријана освои пет од вкупно шест гласови на жирикомисијата и со тоа беше кандидат за во бараж од каде всушност беше избрана да влезе во полуфиналето.
View this post on Instagram
Нејзиниот против кандидат Нермин Ханџиќ ги освои сите гласови од жирито, а за нејзиното пеење, особено и изгледот, таа доби само позитивни коментари.
„Мислам дека требаше да добиеш шест гласови, стојам позади тоа. Можеби очекуваа да играш, но песните кои ги пееше воопшто не се лесни“ – беше коментарот на Цеца.
View this post on Instagram
„Знам колку треба храброст за ова, супер беше, идеална беше“ – кусо искоментира Мили.
Исто така и пејачката Снежана Ѓуришиќ кажа убави зборови за нашата Андријана.
View this post on Instagram
„Оваа Македонка е една таква пејачка што боли глава. Очекував ова од тебе, одлична пејачка си. Перфроманс одличен, верувам дека ќе одиш понатаму, бидејќи би било глупо ако не идеш понатаму“.
фото-видео”Инстаграм/Анријана Петрушовска