Добро познато е дека популарната ТВ водителка Лила Филиповска е голем љубител на модата, а своите модни апетити не пропушти да ги задоволи со своето присуство на Модниот викенд кој деновиве му се случуваше на Скопје.
По тој повод, таа го избра последниот ден од настанот за да проследи некоја од ревиите и да маркира некое уникатно дизајнерско парче за себе. Како вистински почитувач на модата се дотера во специјално минималистичко издание со секси акцент на нејзините бујни гради кои ги истакна во маркантен градник кој ги нагласува, врз него го комбинираше црно сако, здолниште од тантела, а изгледот го заокружи со безвременските црни салонки.
-Не и верувај на жена што знае што ќе облече, напиша Лила во описот на фотографијата каде позира пред да влезе внатре и да ги собере погледите на присутните.
Секако, за вака модерна и позната дама беше резервирано место во првиот ред од каде водителката не заобиколи да пренесе некој момент и на социјалните мрежи.