На големиот христијански празик Св.Никола во домот на македонскиот музичар Никола Перевски-Пере пристигна новиот член во семејството – бебенцето Софиа.
Пере неодамна стана тато по третпат, а откако Софиа пристигна дома, тато редовно објавува фотографии од неговата трета среќа.
Како што е ред, амбиентот во домот комплетно е уреден во согласнот со празничниот период, но и во знакот на бебето.
Особено пресладок детаљ се светилките кои се закачени на креветчето на малата Софиа.
Исто така Пере објави и необична елка која наместо лампини, целата е украсена со плишани мечиња, од врвот, па се до последното гранче.
Глетката е преслатка, па еве ако сакате нешто поинакво за следната година, идејата е повеќе од уникатна, особено доколку имате малечки дечиња дома.