Познатата пејачка Сека Алексиќ е една од оние кои се чини дека имаат совршен баланс помеѓу деловниот и семејниот живот. Сека и нејзиниот сопруг Вељко се горди родители на две момчиња, Јован и Јаков.
Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографии и видео врз основа на кое можевме да видиме дека Јаков наполни 7 години.
Фотографии од тортата или роденденската прослава секако имаше, а малиот Јаков освен тоа доби и совет од мајка му кои треба да му бидат ѕвезда водилка во текот на целиот живот.
Имено, Сека била доста емотивна, а во јавноста често кажува дека сака нејзините деца да бидат доблесни и чесни луѓе, додека се останато е помалку важно. Тоа го потврди и со она што го напиша во описот на видеото на нејзиниот Инстаграм профил.
– Среќен 7-ми роденден, синко. Порасни во добра личност, шири љубов и помагај им на другите. Дели ги луѓето на добри и лоши. Засекогаш ќе бидеш ангел чувар на мајка ти.
Со оваа емотивна порака Сека уште еднаш покажа колку и е важно нејзините момчиња да пораснат во добри луѓе, кои ќе знаат да ги ценат луѓето поради тоа што се, а не поради тоа што го имаат. Љубовта е движечката сила зад многу нешта, а доказ дека е семоќна е нејзината и љубовта на Вељко, од која ги добија овие две преслатки момчиња.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Влада Шпорчиќ