Радио Милева

Синот на Лепа Брена ужива на Ибица, а коментарот од неговата мајка стана хит на социјалните мрежи

Синот на Лепа Брена ужива на Ибица, а коментарот од неговата мајка стана хит на социјалните мрежи

Пејачката Лепа Брена моментално не само што настапува во Црна Гора, туку заедно со пријателите и сопругот го користи времето за да ужива на нивната јахта.

Нејзините синови Стефан и Виктор Живојиновиќ овој пат не им прават друштво.

Имено, Виктор на жешките температури ужива на Ибица од каде што секојдневно споделува разни фотографии.

 

View this post on Instagram

 

Ibiza time ???

A post shared by Viktor Ernest Zivojinovic (@viktorernest) on

А една таква фотографија стана вистински хит на социјалните мрежи поради коментарот на Лепа Брена.

Имено, Виктор објави фотографија на која позира покрај метална фигура на Булдог, а доби урнебесен коментар од Лепа Брена.

Пејачката под фотографијата му напиша: „Само немој и тоа да го купиш и да го донесеш дома“, прокоментира Брена.

фото: Принтскрн/инстаграм/викторживојиновиќ

Инаку, Брена не важи за многу строга мајка, но е познато е дека некои работи не им ги дозволува на Стефан и Виктор.

To top