Радио Милева
видливо променет

Синот на Брена по неколку години се активиреше на социјалните мрежи и најави изненадување (фото)

Синот на Брена по неколку години се активиреше на социјалните мрежи и најави изненадување (фото)

Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан пред три години се одлучи да се изолира од јавноста и да не се појавува повеќе во медиумите.

Тој иако се впушти во музичките води и стана пејач, набрзо реши да се повлече од јавноста, а речиси никој го немаше видено три години.

Стафан не се појавуваше во изминатите три години ниту на семејните прослави, ниту на промоции на неговата мајка, ниту кога пејачката го промовираше брендот со хулахопките.

Тој по цели две години неактивност на социјалните мрежи, овој пат на Твитер сподели фотографија од самиот себе додавајќи во описот детелина со три листа.

Со оглед на тоа што овој симбол значи изненадување, нова идеја и големи планови, сите се прашуваат што ли може да се очекува од него.

Инаку за потсетување одлуката да се повлече од јавниот живот ја поддржаа неговите родители без да го поколебаат, а она што го коментираат корисниците на социјалните мрежи е дека тој е „поправен“ особено во килограмите и изгледа постаро од пред три години.

 

фото:Инстаграм принтскрин/Стефан Живојиновиќ

Останати вести од Радио Милева