Кога сме заљубени, во нашиот организам се случува цел спектар на различни хемиски реакции и промени. Од забрзано чукање на срцето, до влажни дланки и проирени зеници.
1. Забрзано чукање на срцето
Кога сме соочени со заљубеноста, нашето тело е под узбуна, а адреналинот е во полна сила. Резултат на тоа е забрзана работа на срцето и „пеперутки“ во стомакот.
2. Влажни дланки
Друг симптом што го предизвикува толкава јачина на адреналинот е потењето, особено на дланките. Оваа нус-појава е непожелна, а често може да биде и непријатна.
3. Промена на гласот
Истражувањето покажа дека мажите кога зборуваат со некој во кого се заљубени, често зборуваат потивко и понежно, а жените често го креваат тонот.
4. Проширени зеници
Адреналинот што е одговорен за влажните дланки и забрзаната работа на срцето, исто така предизвикува и ширење на зениците. Ова е сигнал за сексуална привлечност.
5. Возбудување
Кога сте заљубени, се чувствувате восхитено,тоа не е само затоа што сте среќни, туку во прашање е хемија. Мозокот произведува допамин, истото чувство што се појавува кога земате кокаин. Не се вели без причина дека љубовта е дргоа.
6. Пеперутки во стомакот
Адреналинот е виновен за се што ни се случува во организмот кога сем заљубени. Адреналинот испраќа крв од желудникот до нашите мускули, и тоа предизвукува чувство на пеперутки. Оваа појава предизвикува и смалување на апетитот.
извор:курир.мк