Радио Милева роденден,мала забава

Симона Поповска со повод ја покажа мајка си: Кој би рекол дека оваа дама е во седмата деценија од жвотот? (фото)

Симона Поповска со повод ја покажа мајка си: Кој би рекол дека оваа дама е во седмата деценија од жвотот? (фото)

Пејачката и докторка Симона Поповска направи преседан и реши за првпат да ја покаже својата мајка, но имаше повод за тоа.

Причината беше 60-от роденден на најдрагата личност во нејзиниот живот за која семејно направиле мала роденденска забава.

Среќната ќерка, најпрви  на своите „стори“ на Инстаграм ја објави мајка си заедно со внукот и напиша:

-Среќен роденден на најпрекрасната мајка на светот! Премногу сме благодарни на се’ што правиш и за личноста која што си. Ти посакувам специјален ден како што си ти, полн со љубов, смеа и сите твои омилени нешта. Те сакаме премногу! Среќен роденден мамо!

Објавите не застанаа тука, па следеа уште неколку фотографии од малата роденденска забава со торта,балони, цвеќе….

Секако насмевките и полното срце љубов и задоволство, напрвавија уште еден спомен во животниот бележник кој се полни веќе цели 60 години.

Кој би рекол дека оваа дама е во седмата деценија од животот?

фото:Инстаграм/Симона Поповска

To top