Радио Милева Животот доби поинаква смисла...

Штркот слета: Нина Јанева стана мајка за првпат, а бебето доби уникатно име!

Штркот слета: Нина Јанева стана мајка за првпат, а бебето доби уникатно име!

Пејачката со еден од најмоќните вокали на македонската естрада, Нина Јанева-Николовски(34), ја доби најубавата улога во животот – стана мајка за првпат.

Таа вчера(19. Септември) на свет донесе здраво и живо женско бебе во Клиниката за Гинекологија и Акушерство во Скопје.

Убавата вест на Фејсбук ја сподели среќната мајка и напиша:

-Добредојде моја Арја… Денес ја сфатив смислата на животот – напиша мама Нина и со тоа на сите им откри дека нејзината наследничка ќе носи уникатно име смислено од мама и тато.

Пејачката уште додека беше во блажена состојба во едно телевизиско интервју изјави дека со сопругот уште пред две години знаеле дека ако им се роди девојче ќе го крстат Арја и тоа по омилениот лик на Нина од серијата „Игра на тронови“ која е храбра и борбена жена.

Инаку, трудничките денови на пејачката поминаа без многу помпа, односно објавување на фотографии со трудничкиот стомак, каков што е случајот со повеќето идни мајки.

Летово Нина во изјава за „Ексклузив“ кажа дека има лесна бременост, но не многу се оптоварува со купување на бебешка облека бидејќи околку неа има многу блиски со мали девојчиња од кои ќе може да ја користи облеката.

фото:принтскрин/јутјуб/1тв

За потсетување, Нина и нејзиниот сопруг Александар Николовски се венчаа на 19 октомври минатата година пред мал број на луѓе, односно најблиските.

фото:фејсбук/нинајанева

Сладбата планираат да ја направат следната пролет, а во план им е да биде заедно со крштевката на малата Арја.

Честитки!

To top