Љубов и Секс

Што значи плачењето после секс за вас и вашиот партнер?

Што значи плачењето после секс за вас и вашиот партнер?

Дали некогаш сте плачеле по секс или сте биле со некој што го направил тоа? Како и да е, ова искуство може да биде навистина интензивно и збунувачко. Најверојатното првото нешто што ќе си го помислите е дека се случило нешто ужасно. Но вистинското значење на ова може да биде навистина комплицирано.

Плачењето после секс не секогаш значи дека партерот е тажен, во болка или дека е преплавен со емоции. Плачењето по секс може да значи речиси сè. Според доктор Џошуа Клапов, психолог, солзите по сексот можат да покажат што било од емоционален стрес, до интензивно задоволство. Тој нагласува дека ако се случи, важно е да го разберите контекстот, односно причината. Погледнете за кои нешта експертите веруваат дека се причини за плачење после секс.

Солзи од задоволство или среќа

Само затоа што некој плаче по секс, не значи дека треба да паничите. Постојат ситуации во кои солзите се всушност знак за нешто позитивно. Понекогаш плачењето по сексот може да биде сосема здрава работа. Тоа значи дека се искажувате сексуално откако сте имале многу потиснати чувства, а сега чувствувате среќа и љубов и сте преплавени. Плачењето е емоционален вентил и не значи дека не сте среќни.

Понекогаш солзите можат да бидат резултат од интензивни чувства на љубов и поврзаност. Ова се солзи радосници, но фокусирани на чувствата кон партнерот. Физичкото задоволство од сексот може да предизвика солзи, но во тој случај се помалку фокусирани кон партнерот, а повеќе кон вас.

Сексот може да предизвика моќни емоции

Сексот може да биде навистина интензивно искуство, па поради тоа можат да се појават и солзи. Сексот може да направи вистинска поплава емоции кои не мора да бидат директно поврзани со самото искуство. Некои од овие емоции можат да бидат чувство на намалено задоволство, вина бидејќи се чувствувате добро, каење за минати врски и слично. Резултатот од овие неповрзани чувства може да биде солзи по секс.

Понекогаш сексот може да ги вознемири жртвите на сексуално насилство. Ако не сте ги кажале вашите тајни и сексот ве потсетува на чувствата, можно е да плачете по интимниот однос. Можеби повторно ќе се почувствувате како жртва и нема да знаете како да разговарате за тоа.

Анксиозност или срам за перформансот

Понекогаш плачењето е поради анксиозноста и срамот во сегашноста, особено чувства на неадекватност и лош перформанс. Ако почувствувате дека не сте доволно добри во кревет или дека не сте го задоволите партнерот, можно е да се појават солзи по односот.

Плачење од физичка болка

Понекогаш плачењето по секс може да биде причинето од нешто очигледно, како физичка болка. Понекогаш сексот може да биде болен, а кога чувствувате физичка или емоционална болка вие плачете.

Како најдобро да реагирате кога партнерот ќе заплаче по сексот?

Никогаш не треба да го игнорирате плачењето на партнерот. Најдобро е прво нежно да поставите некое од следниве прашања: Дали си во ред? Да не те повредив? Што можам да направам?

Можете да понудите поддршка така што ќе побарате дозвола да го прегрнете партнерот. Важно е да прашате бидејќи понекогаш во овие ситуации луѓето не сакаат да бидат допирани. Многу често луѓето не сфаќаат зошто партнерот плачи по сексуалниот однос. Ако не можете да го прочитате изразот на партнерот можете да го прашате: Како се чувствуваш? Што чувствуваш, што размислуваш и што те натера да заплачеш?

Најчесто ќе добиете одговор, но ако партнерот не сака да разговара никогаш не го притискајте за одговор. Тоа не значи дека вие сте причината за плачењето.

Кога да бидете загрижени?

Иако не е лесно да го гледате партнерот како плаче, нема потреба секогаш да бидете загрижени особено ако партнерот ви ја објасни ситуацијата. Најчесто ова се случува ретко. Но ако плачењето е поради траума, болка или вознемирување, можеби треба да се загрижите. Комуницирајте, но немојте да создавате притисок. Ако забележите шема во однесувањето, важно е да реагирате. Ако на пример партнерот постојано плаче после сексуалниот однос а не разговара со вас, потребно е да дознаете што се случува.

Клучно за справувањето со плачењето по сексот се нежноста и емпатијата и најважно од сè, немојте да судите. Факт е дека сексот може да предизвика нешта што не ги очекувате кога најмалку ги очекувате. Некои од овие емоции се моќни и неверојатни, а некои можат да бидат навистина болни. Само фокусирајте се на тоа да бидете овде за вашиот партнер и бидете добри кон себе без разлика дали вие или партнерот плачи по сексуалниот однос.

To top