Живот и Стил

Што значат боите на лампионите кои ги имате на елката?

Што значат боите на лампионите кои ги имате на елката?

Еден од најубавите обичаи во врска со дочекот на Новата година е китењето на елка. Како ќе ја накитите елката во денешно време е работа на вкус, идеи, материјални можности, но и знаење. Ние ви нудиме неколку совети во врска со китењето, за вашата елка да биде вистински одраз на расположението во кое сте. Поради тоа, ќе зборуваме за боите.

Зелена – оваа боја треба што повеќе да се користи. Новогодишната треска може да биде многу стресна, затоа е важно дома да домирина зелената боја, бидејќи тоа е боја која смирува. Покрај тоа, одличен контраст е на доминантно црвената новогодишна боја. Ако сте се одлучиле за зелена елка, тоа е добар избор, бидејќи покрај зелената одат дури и многу разнобојни украси.

Бела – фенг шуи вели дека белата боја е без живот, „боја без боја“ и дека не е препорачливо да се користи во вакви прилики. Меѓутоа, во последно време се појавуваат се повеќе бели новогодишни елки и украсни гранки, кои можат да бидат исто така вкусно накитени. Сепак, ако китите бела елка, треба да водите сметка за тоа да не мешате повеќе од две бои на украсите.

Црвена – не се вели залудно дека тоа е боја која симболизира радост, среќа, уживање, но и длабока и страсна љубов. Исто така, се верува дека штити од негативна енергија и без сомнеж може да се каже дека таа боја, која почнувајќи од облеката на Дедо Мраз, па до украсните ленти и лампиони, најчесто може да се види пред новогодишните празници. Црвената боја на украсите идеално оди со златна боја.

Сина – боја на духовност, сочувствителност и нежност. Се поврзува со духовноста, постојаноста и верноста. Како и зелената и оваа боја делува смирувачки. Затоа, ако наместо за зелена се определите за бела вештачка елка, идеална боја на украсите е токму сината.

Виолетова (пурпурна) – боја која симболизира верност, искреност, љубов и страдање. Истовремено, тоа е боја и на високото благородништво, па елката може навистина да изгледа ексклузивно ако на неа доминира виолетова боја.

извор:курир.мк

To top