Ретки се мажите кои секој ден се нежни, романтични, расположени за долги разговори. Поради тоа на жените често им е необично и сомнително кога партнерот одеднаш ќе стане претерано фин и внимателен.
Ви купил цвеќе без повод, а вие веднаш се прашувате што му е, зошто го направил тоа? Не се грижите, не сте единствени. Кога мажот ќе стане „премногу фин“, жената обично прво се сомнева дека тој сака нешто да сокрие, покажа нова студија.
Психолозите утврдиле дека две третини од жените се склони да се посомневаат дека партнерот ги изневерува ако тој одеднаш почне да изведува нови трикови во кревет, а третина од жените се сомневаат во тоа ако партнерот им подари накит или секси облека, односно им донесе појадок во кревет.
Во сомнително однесување спаѓа и обидот на мажот да учествува во домашните обврски.
Петина од жените кога ќе забележат промени во однесувањето на партнерот, се сомневаат дека е во прашање сериозна афера. Повеќето помислуваат дека мажот сака да сокрие некои негови ситни, секојдневни „гревови“.
Од друга страна, ако жената одеднаш стане повнимателна, мажите ќе уживаат во тоа. Нивниот „аларм“ ќе се вклучи ако жената почне да се дотерува, да си купува секси облека и престане да им обрнува внимание.
извор: Кајгана