Сексот е индивидуална и интимна работа. Иако секој од вас има различни потреби, по завршувањето на тој интимен чин, сите жени би требало да направат една работа.
Сексот е чин во текот на кој телото минува низ различни промени. Иако секој од нас има различни желби и потреби, телото речиси кај сите луѓе реагира на многу сличен начин.
Една од тие реакции е и потребата за одење во тоалет веднаш по сексот. Кај некои може да биде силна и во истиот миг, додека кај некои жени се јавува по неколку минути. Не треба да ја игнорирате таа потреба.
Вашето тело сака максимално да ве заштити од потенцијалните опасности кои ги има во вашата околина.
Една од тие опасности се бактериите. По сексуалниот однос, телото е изложено на бројни бактерии кои може да се сокријат на места на коишто не би сакале.
Во текот на сексуалниот однос, бактериите се шират кон мочниот меур, па кај жените може да се јави акутно воспаление на уринарниот тракт. Со уринирањето се чистиме, т.е ги чистиме мочните канали од бактерии.
Ако почувствувате потреба да уринирате веднаш по сексот, послушајте го вашето тело.
извор: кајгана