Љубов и Секс

Што треба, а што не треба да направите за вашата хигиена по сексот?

Што треба, а што не треба да направите за вашата хигиена по сексот?

Кога ќе размислите, со комбинацијата од бакнување, пот и размена на останати телесни течности кои се појавуваат за време на сексот, станува збор за навистина неуредна активност. Токму затоа и постојат неколку прашања за хигиената по сексот кои е добро да ги знаете.

1. Како да се измиете по сексот?
Кога станува збор за чистење на вагината, таа по сексот се чисти самата, дури и ако во неа остане сперма. Покрај тоа, ако се обидувате да ги преземете нештата во своите раце, можете да направите повеќе штета отколку корист. Тоа што можете да го направите е нежно да ја исперете вулвата со топла вода, особено ако сте склони на иритации и инфекции на уринарниот тракт.

2. Мора ли да мокрите одма по сексот?
Мокрењето по сексуалниот однос може да помогне при спречување на вагинални, односно уринарни инфекции. Теоријата зад оваа метода е дека доколку телото не се ослободи од течностите, бактериите би можеле да останат во уретрата. Мокрењето по сексот не е воопшто лоша идеја, а може да ви донесе и психолошко олеснување. Сепак не мора да брзате веднаш да одите во тоалет по завршувањето на односот, слободно можете да почекате и до 30 минути за да уживате покрај партнерот.

3. Што ако сте имале анален секс?
По аналниот секс веднаш истуширајте се и измијте ја целата генитална област со цел да се ослободите од какви било потенцијални бактерии. Туширајте се со топла вода и користете сапун што не е агресивен.

4. Како се одржува хигиената на креветот?
Моментите по сексот се одлични за поврзување со партнерот и уживање во чувствата кои се создаваат со ослободувањето на хормонот за среќа. Токму затоа и немојте одма по односот да бидете опседнати со миење и чистење на креветот. Сосема нормално е некогаш и да заспиете по односот без да се средите, особено ако и двајцата редовно се грижите за својата хигиена.

5. Што ако сте бремени?
Сексот за време на бременоста во поголемиот дел од ситуациите е сосема сигурен, но тоа е и период кога многу лесно се добиваат инфекции на уринарниот тракт. Доколку сте трудница, уринирајте по секој однос, и измијте ги рацете и областа околу вагината со топла вода. Исто така испијте и една чаша вода.

извор:кафепауза.мк

To top