Недостигот од секс може да има здравствени последици, а тоа е затоа што сексот има голем број здравствени придобивки.
Некои од овие придобивки вклучуваат намалување на стресот, олеснување на спиењето и подобрување на здравјето на срцето.
Но, што всушност се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс, без разлика дали правите пауза намерно или поради комбинација на околности? Експертите објаснуваат што може, а што не може да му се случи на телото кога ќе поминете низ период без секс.
Урбаниот мит е дека вагината ќе се затвори, запечати или ќе израсне нов химен ако немате секс некое време. Дури и кога немате секс, вашето тело сè уште произведува естроген и прогестерон, а овие хормони ја одржуваат вагината отворена и флексибилна, вели д-р Кристин Гривс, гинеколог од Флорида. Исто како што лосионот ги смирува сувите раце во зима, естрогенот помага во навлажнување и одржување на вагиналните набори кои овозможуваат вагината да се прошири кога сте сексуално возбудени.
Можно е вагиналниот отвор да се намали во големина, но тоа се случува по менопаузата и по долга сексуална пауза.
„Со текот на времето, жените во постменопауза кои имаат намалено снабдување со естроген може да забележат дека дијаметарот на вагината станува помал ако немаат сексуален однос. Но, според моето клиничко искуство, тоа обично се случува до околу 5 години или повеќе“, вели д-р Гривс.
Дури и кога жената не е возбудена, вагината е влажна и еластична. Сепак, д-р Гривс објаснува дека ако не сте имале секс неодамна, вашата вагина може да се чувствува посува, но сувоста сама по себе нужно не е проблем, но може да направи да се чувствувате непријатно.
Според д-р Гривс, можно е вашето либидо малку да се намали во периодот на апстиненција. Ова може да објасни зошто: ако немате секс, веројатно не се чувствувате толку сексуално како кога имате редовен секс, а тоа може да влијае на вашиот сексуален нагон. Добрата вест е дека штом ќе се вратите во акција, најверојатно ќе почнете да се чувствувате сексуално, што ќе го поттикне вашето либидо да се зголеми.
Сексот ослободува хемикалии во мозокот, окситоцин и серотонин, кои се одговорни за доброто чувство и го подигаат расположението, вели д-р мед. Гејл Салц, вонреден професор по психијатрија во презвитеријанската болница „Веил-Корнел“ во Њујорк. Кога вашиот систем не ги произведува овие мозочни хемикалии во исти количини, тоа може да влијае на вашето ментално здравје.
„По паузата можеби ќе ви треба повеќе време за вагината да се навлажни доволно или целосно да се опушти“, истакнува д-р Гривс.
Кога имате редовен секс, вашата вагина автоматски оди во фаза на возбуда. Меѓутоа, кога имате долга пауза, потребно е повеќе загревање за да се опуштите. Истото важи и за пенисот, проблемите со ерекцијата не се невообичаени по сушен период.
Извор: Кајгана.мк