Љубов и Секс

Што се случува со клиторисот при женска ерекција?

Што се случува со клиторисот при женска ерекција?

Откако мажите ќе се возбудат сексуално, тие добиваат ерекција и тоа е лесно да се забележи со само еден поглед кон пенисот. Она што им се случува на жените, пак, кога се возбудени е помалку очигледно и потешко може да се забележи.

Имено откако вашиот мозок ќе почувствува аларм за можна акција, крвните садови во пределот на вагината се шират, со што до таму стигнува зголемена количина на крв. Зголемената циркулација го зголемува вагиналниот секрет а се активираат и илјадници нервни завршетоци во најчувствителните делови на вагината.

Веднаш потоа ткивото во клиторисот набабрува и се стврднува, како што се случува со машкиот полов орган во ерекција. Ако силно ќе се возбудите, клиторисот може да стане дури и три пати поголем.

Истовремено грлото на матката омекнува, па со неговото триење со пенисот нервните завршетоци праќаат сигнали со кои во мозокот се активираат центрите за задоволство.

извор:попара.мк

To top