Љубов и Секс

Што се крие зад најчестите расправии на паровите кои живеат заедно?

Што се крие зад најчестите расправии на паровите кои живеат заедно?

Дали некогаш за време или после некоја вообичаена кавга со партнерот сте размислувале зошто воопшто се карате за такви глупости или ситници и сте се запрашале дали има некоја друга причина што ниту еден од вас не ја спомнува.

Водителката на популарната британска емисија This Morning Холи Вилоби вели дека таа и нејзиниот сопруг Дејна често се расправаат за тоа кој ќе го земе далечинското и ќе одлучи што да гледа, но таа смета дека тоа е класична борба за моќ. Со ова се согласува и британската експертка за секс и врски, Кејт Тејлор, која наведува некои од најчестите примери на кавги меѓу парови во кои вистинскиот проблем не е всушност оној за кој станува збор.

Топло или ладно?

Мислите дека кавгата е за удобност, но всушност се работи за хормони. Истражувањата велат дека жените претпочитаат да престојуваат во малку потопли соби поради повисоките нивоа на естроген, па температурата за повеќето е идеална кога ќе достигне 24 или 25 степени Целзиусови, додека за мажите е најудобна на 21,5 степени во просек.

„Договорете се на компромис и поставете ја температурата на 22 степени, така што никого нема да му биде премногу непријатно“, советува Тејлор.

Гаси-пали

Едниот остава вклучени светла насекаде, другиот гаси и коментира. Мислите дека кавгата е за непотребното трошење, а вистинската причина е што еден од вас мисли дека мора да биде „возрасниот“ во вашата врска. Додека вообичаено едниот во врската е секогаш безгрижен, другиот се грижи и размислува за сѐ, па не стигнува ни да биде забавен. Дали се препознавате себеси во некоја од овие улоги?

„Поправете го тоа чувство со рамномерно делење на работните обврски. Понекогаш дозволете безгрижниот партнер да се погрижи за сметките: кога ќе види колку всушност плаќате за струја, тој самиот ќе почне да ги гаси светлата“, вели Тејлор.

Полнење на машината за миење садови

Мислите дека кавгата е за валкани садови, а навистина се работи за тоа дека едниот од вас се прави дека е неспособен. Ако редовно се расправате за тоа кој ќе ги стави садовите во машината и секогаш го правите тоа затоа што сте „подобри“ во тоа, големи се шансите вашиот партнер само да се преправа дека е неспособен.

„Секогаш кога ќе направат нешто погрешно, замолете ги да го сторат тоа повторно. Па повторно. На крајот ќе го прават тоа побрзо од вас“, вели терапевтот.

Фрлање ѓубре

„Мислите дека расправијата е за ѓубрето, а се работи за мотивација. Честопати, колку повеќе некого потсетуваме на нешто, толку побрзо го заборава истото. За да се одржи мотивацијата за извршување здодевни задачи, луѓето мора да веруваат дека барем сами одлучуваат за себе како и кога да го направат нештото.

„Престанете да организирате. Нека вашиот партнер ја преземе целосната одговорност за своите домашни задолженија и обидете се што помалку да се мешате во нив и да коментирате како ги прави“, вели Тејлор.

извор: Кајгана

To top