Сон за некој поранешен партнер понекогаш може да биде изненадувачки, особено ако тоа е некој за кој не сте помислиле долго време. Сепак, може да ви каже некои работи за вас или за вашата моментална врска.
Иако овие соништа можат да бидат романтични и понекогаш ќе ве натераат да се разбудите со призвук на носталгија, во реалноста тоа е само ментална проекција на она што таа личност некогаш била за вас.
Кога ги сонувате бившите не мора да значи дека ја сакате таа личност или дека сакате да ѝ се вратите. Всушност, овој феномен воопшто не мора да биде сентиментален.
Експертот Латиша Роу тврди дека ова е сосема нормална појава.
„Доколку имате турбулентна врска зад вас или излегувате од врска која не ги задоволувала вашите потреби, нашата потсвест преку соништата се обидува да го поправи тоа. Во тој случај, преку нив се обидуваме да ја живееме врската што всушност сме сакале да ја имаме“, објасни таа.
Потсвеста често создава „што ако“ сценарија, дури и кога станува збор за партнер што веќе сме го преболеле.
Овие соништа обично имаат позитивно значење. Тие навестуваат неочекувани и добри промени во вашиот живот кои ќе ви донесат многу среќа и убави моменти.
Доколку сте слободни, тоа може да значи и дека наскоро ќе запознаете некој кој ќе внесе позитивни чувства во вашиот живот, без разлика дали на приватен или на деловен план.
Ако сонувате дека повторно сте се заљубиле во поранешниот партнер, тоа може да биде предупредување за претстојните настани. Можно е да се соочите со ситуација која на почетокот ќе ви изгледа позитивна или безбедна, но тоа ќе ве доведе во одредени неволји.
Исто така, уште една причина зошто сонуваме за поранешни љубовници е стравот да не бидеме повредени. Многумина се плашат од нови врски поради страв да не бидат повредени, особено ако зад нив стои болно раскинување. Потоа, почнувате да се присетувате на тешки моменти, а можно е некои од нив да ви дојдат во сон.
На крајот, соништата за бивша љубов може да значат и дека сте останале недоискажани во таа врска и дека треба да се објасните или да го добиете потребното објаснување, што најчесто е случај за врски кои завршиле нагло или без поздрав.
извор: кајгана