Губењето невиност за луѓето е помалку важен чин во животот од првиот бакнеж, покажале најновите истражувања. Имено, научниците од Универзитетот во Тексас дошле до сознание дека бакнежот остава посилен впечаток на луѓето од првиот секс.
Дури 90 отсто од испитаниците признават дека се присетуваат на многу повеќе детали кои се врзани за првото искуство во бакнувањето, во однос на првиот секс кој често се заборава.
Според истражувањето, сепак жените се тие на кои бакнежите им значи повеќе во однос на мажите за кои бакнежот претставува знак што понатаму ќе се случува.
Студијата исто така утврдила дека малите и нежни бакнежи се многу поделотворни од агресивните и брзи и можат да направат жената побрзо да се заљуби.
извор:нетпрес.ком.мк