Заљубувањето „до уши“ може да наведе многу луѓе да прават работи кои веројатно не би ги направиле доколку навистина не им се допаѓа таа личност, а научниците открија што се случува во нашите тела за време на заљубувањето.
Низ историјата, научниците не се фокусирале премногу на влијанието на заљубувањето врз човековото однесување, но студијата спроведена на 1.500 млади луѓе, кои се идентификувале како заљубени, покажала дека мозокот работи сосема поинаку кога сте заљубени.
Студијата беше спроведена од докторантот на Австралискиот национален универзитет Адам Боуд и д-р Фил Кавано од Универзитетот во Канбера и Универзитетот во Јужна Австралија. Тие го погледнаа системот за активирање на однесувањето (BAS) внатре во телото во однос на реакциите и одговорите на заљубената личност.
Системот за активирање на однесувањето во телото може да активира одредени однесувања кои се поттикнуваат со награда и позитивни повратни информации. Во една студија објавена во списанието Behavioral Sciences, тие заклучиле дека мозокот се менува кога сте заљубени.
Кога луѓето се особено сакани, нивните мисли стануваат повеќе насочени кон личноста во која се заљубени.
Д-р Кавано рече дека хормонот окситоцин може да биде клучен фактор во промените кои се гледаат како „бранови“ на хормони кои циркулираат во нашиот нервен систем и крвотокот при интеракција со саканите.
Тој заклучил дека љубовта ги активира „патеките во мозокот поврзани со позитивни чувства“.
„Начинот на кој саканите добиваат посебно значење се должи на комбинацијата на окситоцин со допамин, хемикалија што нашиот мозок ја ослободува за време на романтична љубов“, објасни тој.
Тие ќе продолжат со истражувањето, а во следната фаза ќе анализираат како мажите и жените пристапуваат на љубовта, а ќе истражуваат и различни типови на романтични партнери.
Фото: Freepik
Извор: Кајгана