Одредени истражувања за жените покажуваат дека тие уживаат во оралниот секс. Меѓутоа, постои и одреден број на жени кои покажуваат отпор кон ваквиот секс, а причините за тоа можат да видат од физичка и психичка природа.
Оралниот секс за многумина е единствен начин да доживеат оргазам. Но, одредени припаднички на понежниот пол покажуваат голем отпор кон оралното задоволување, а причините за тоа се многубројни. За почеток, во одредени ситуации се виновни мажите бидејќи дел од нив не го прават тоа на најдобар начин. Но, постојат и жени кои имаат погрешни уверувања.
Други пак имаат пречувствителен клиторис, па затоа оралното задоволување за нив не претставува никаков вид на задоволство. Ваквиот проблем може да се реши со помош на докторите, но многу важно е партнерот да биде запознаен со проблемот, за да не инсистира на ваков секс.
Верувале или не, кај одредени жени постои и традиционално верување дека оралниот секс е нешто непристојно и грешно. Погрешните уверувања понекогаш се тешки да се искоренат, но тоа не е целосно невозможно. Во ваков случај, најдобро би било да се побара помош од психолог.
За одредени девојки, проблем се јавува поради несигурноста – бидејќи тие сметаат дека нивната вагина не е изгледа како што би требала да изгледа. Но, наместо да се соочуваат со ваквиот комплекс, тие треба да знаат дека секоја жена е поинаква.
Освен несигурноста, често и напнатоста може да се јави како проблем. Доколку жената не е опуштена, нема да ужива во сексот. За одредени жени, потребна е подолга предигра за а се ослободат од напнатоста. Често, доколку мажот не може да успее во тоа, тогаш најдобро е таа самата да го направи тоа.