Речиси секоја секунда некој некому ги кажува двете најубави зборчиња: Те сакам. За тој момент обично се подготвуваме со месеци, со денови. Затоа што кога првпат ќе се изговори тој збор во врската, тоа значи дека не излегуваме само заради забава, туку постои и повисоко ниво на поврзаност.
„Вистинската“ врска, со себе носи и одредена доза на сериозност и промени на кои многумина можеби и не се подготвени. Ако мислите дека дошол моментот да ги кажете тие две магични зборчиња, треба да ги очекувате и промените кои ќе се случат:
Очекувањата ќе се зголемат
Нема поубаво чувство од тоа кога ќе изјави човек љубов и кога истата му е возвратена. Но, исто така треба да имате на ум дека со љубовта доаѓа и одредена количина притисок. За разлика од претходно, сега и официјално сте ги потврдиле своите чувства и со самото тоа сте презеле одговорност да се грижите едни за други, а за тоа е потребно многу повеќе енергија отколку кога се гледате два пати неделно. Пред да кажете „те сакам“, бидете сигурни дека сте подготвени дека другата страна ќе ви стане приоритет.
Ќе бидете како сијамски близнаци
Кога конечно ќе ги изговорите тие судбоносни зборчиња, веројатно следните неколку месеци ќе имате желба постојано да бидете со таа личност и да уживате во меѓусебната љубов. И кога не сте заедно, постојано ќе ви биде на памет. Тоа е сосема нормално.
Повеќе нема да имате потреба да ги криете вашите маани
Моментите во кои ќе се трудите да покриете се што некој би можел да го гледа како маана или недостаток, полека ќе почнат да се смалуваат. Оној момент кога ќе дознаете дека вашите чувства се взаемни, ќе почувствувате олеснување и ќе можете да се опуштите и да бидете тоа што сте. Од тој момент, работите како сопствените несигурности нема повеќе да бидат табу тема. Нема да се плашите со вашите партнери да зборите за се.
Поврдете ги зборовите со дела
Иако овие важни зборови се изговорени, сега мора да покажете дека не се само зборови во прашање, туку и дека тоа навистина го мислите и го чувствувате. Тоа значи дека сабота навечер можеби нема да седите доцна со пријателите, туку ќе останете и заедно ќе завршувате одредени обврски.
Подигнувањето на врската на повисоко ниво е работа која вреди да се прослави. Но, ако сепак се сомневате дека не е баш најдоброто време за изговарање на овие две зборчиња, тогаш не се форсирајте, затоа што тоа може и на двајцата да ви се одбие од глава.
извор:курир.мк