Љубов и Секс

Што ја прави жената добра во кревет?

Што ја прави жената добра во кревет?

Каква жена сакаат мажите во креветот? Самоуверена, подготвена на авантура и онаа која знае што сака кога станува збор за сексот.

Онаа која иницира секс

Мажите сакаат жени кои сакаат секс и кои понекогаш сами го иницираат тој чин. Затоа, не чекајте секогаш тој да биде иницијаторот. Преземете ги работите во свои раце и изненадете го.

Не се плаши да каже не

Не се плашете да кажете не доколку нешто не ви се допаѓа или мислите дека би можело да ве повреди. Жената која се сложува со секој предлог на партнерот само за да ги задоволи неговите потреби не е воопшто секси. Пред се, важно е да бидете искрени кога се работи за односот со партнерот.

Знае да се носи со неговите маани

Кога станува збор за сексот, мажите се помалку примитивни суштества. Можеби звучи грубо, но тоа е вистината. И тоа е темната страна на нивната сексуалност која на жените тешко им паѓа, но просто мора да се прифати. Сексот е многу важен сегмент од секоја врска и не го занемарувајте доколку сакате да имате квалитетен однос.

Сака разновидност

Мажите сметаат дека жените кои се добри во кревет сакаат разновидност и отворени се за нови идеи. Доколку во сексот имате одредена рутина која постојано ја повторувате, сексот бргу ќе здосади бидејќи набргу ќе исчезне страста и возбудата. Замислете секој ден да јадете еден ист оброк. Досадно и еднолично! Затоа, ако сте пронашле партнер за цел живот и сакате да го задржите, понекогаш е потребно малку да го зачините сексуалниот живот, односно да се обидете со нешто кое претходно не сте го пробале.

Знае што сака

Ако сакате да бидете добри во креветот, мора да знаете да ги покажете своите желби и потреби, а не само пасивно да чекате и да очекувате дека тој ќе ги прочита вашите мисли. Мажите сакаат кога жените им даваат упатства. Тоа ги возбудува и среќни се кога можат да ве задоволат. Не си го ускратувајте тоа задоволство ни себе ниту пак нему.

Сака орален секс

Голем број на жени не сакаат орален секс, додека мажите го обожаваат. Оралниот секс, е многу поинтимен од обичниот секс и токму во тоа лежи неговата уникатност.

Не глуми оргазам

Доколку тој се потрудил и направил се како што треба, но сепак вие не доживеавте оргазам (ве боли глава, не сте расположени), понекогаш е ок да го наградите со лажен оргазам. Сепак, ако секој пат кога водите љубов глумите дека сте доживеале оргазам, тоа веќе претставува проблем. Како ќе доживеете оргазам доколку тој мисли дека прави се како што треба? Доколку со него никогаш не сте доживеале оргазам, тогаш сексот нема поента.

извор:нетпрес.ком.мк

To top