Љубов и Секс

Што изборот на долната облека кажува за вас?

Што изборот на долната облека кажува за вас?

Долната облека е нешто како тајно отужје за жените со кое никоја не се фали, како што е на пример со некој скап часовник или ташна. Но, долната облека влијае на тоа како жената се чувствува, а самиот избор на долна облека може многу да каже за карактерот на личноста.

Се вели дека црвена долна облека носат сексуално самоуверени жени кои се свесни за својата привлечност. Црвената боја симболизира моќ, самодоверба, страст и енергија, а подеднакво имплицира и топлина и опасност, што црвената облека ја прави уште посексапилна.

Црна

Црната долна облека е омилена за многу жени бидејќи е сексуално привлечна и е мистериозна. Претставува самодоверба, зрелост и класика.

Бела чипкаста

Белата чипкаста долна облека имплицира невиност, чистота и девственост. Мажите обожаваат бела долна облека кај жените бидејќи е сензуална и секси, а ненаметлива. Воедно, ваквата облека ја открива и женственоста.

Халтери

Будат сензуален старински гламур и откриваат снажна женственост, па можат да направат секоја жена да изгледа како вистинска заводничка.

Мидер

Кога жената ќе се пикне во нешто што ѝ ги притиска облините, често ѝ е толку неудобно што тоа на неа веднаш се приметува, а воедно и малкумина ќе помислат дека ослабела. Затоа е најдобро да ги избегнувате мидерите.

Извор:Кајгана.мк

To top