Љубов и Секс

Што им се случува на жените, а што на мажите кога долго време немаат секс?

Што им се случува на жените, а што на мажите кога долго време немаат секс?

Последиците од апстиненција можат многу лошо да влијаат на здравјето. Сексот одамна не е табу тема, а многу предрасуди се разбиваат откако науката ја сфати сексуалноста сериозно.

Според истражувањата, периодите кога една личност нема секс остава негативна трага на организмот и на психата.

Одамна е докажано дека сексот го подобрува имунитетот и го подготвува организмот за борба против болести, ослободувајќи ендрофин, што е особено важно да имате на ум пред есенските настинки и вируси кои се почести ако дојде до недостиг на сексуални активности.

Истражување утврди дека во плунката на студенти кои редовно имале секс има многу повеќе имуноглобулин, антитела кои се борат против настинки.

Сексот ослободува хормони на среќата, а со самото тоа доколку нема физички активности кои би ослободиле хормони поради кои се чувствуваме подобро, доаѓа до секојдневни проблеми со песимизмот.

Жените ќе се чувствуваат подепресивно и ќе имаат лошо мислење за себе и за своето тело. Но, научниците се сомневаат дека со истиот проблем ќе се соочат и жените кои користат кондоми во текот на односите. Тајната е во тоа што во спермата има мелатонин, серотонин и окситоцин, одговорни за чувството на среќа и задоволство.

Сексот по долга апстиненција особено може да им биде непријатен на жените, па е потребно повеќе време телото да се возбуди. Редовниот секс ја подобрува циркулацијата на крвта во вагината, помага телото полесно да се возбуди.

Кај мажите, нередовниот секс може да доведе до проблеми со ерекцијата, додека оние со чести сексуални односи имаат двојно помали шанси за овој проблем.

Сексот се смета како лек за менструалните тегоби како грчеви или болки.

Секој кој минал низ некаква фаза на апстиненција знае дека со текот на времето е сѐ потешко да сакате некаква сексуална активност. Сепак, станува збор за мускули кои стануваат „мрзливи“ и со текот на времето атрофираат, па недостигот на секс кај жените влијае на нивното либидо, а во случај на мажите последица може да биде ерективна дисфункција.

Извор: Кајгама.мк

To top