Љубов и Секс

Што им се случува на мажите ако престанат да мастурбираат?

Што им се случува на мажите ако престанат да мастурбираат?

Александар Роудс решил да го дознае одговорот на ова прашање…

Како и повеќето дваесетгодишници, Александар Роудс ја доживува мастурбацијата како дел од неговата секојдневна рутина.

Роудс, основач на веб-страница за одвикнување од порнографија, решил да се обиде да престане да мастурбира секојдневно и да се обиде да помине што е можно подолго без да мастурбира.

Докторските истражувања покажале дека со намалувањето на мастурбацијата се зголемува нивото на тестостерон во телото, а Александар успеал да го потврди тоа. За само неколку дена откако ја прекина мастурбацијата, Александар ги забележа следните промени.

1. Станал понервозен

Првото нешто што го забележал била нервозата. Александар станал многу понервозен и поагресивен. Тој тврди дека по само неколку дена „одмор“ многу лесно се нервирал и дека сакал да се кара со било кој.

2. Чести ерекции

Поради недостаток на мастурбација и зголемен тестостерон, Александар имал проблем со несакана ерекција. Секогаш кога ќе видел привлечна девојка морал да преземе мерки за да се контролира.

3. Станал попродуктивен и имал повеќе енергија

Информацијата што најмногу изненадува е дека Александар станал многу попродуктивен додека не мастурбирал. Барал начини да се окупира себеси и своите мисли, па се посветил на работата и факултетот и успеал да постигне многу.

4. Неверојатно го привлекувале девојките

По една недела апстиненција од мастурбирање, Александар забележал дека му полуделе хормоните и дека сака да спие со секоја девојка на која ќе наиде. Секако, ги контролирал своите нагони.

Така, иако недостатокот на мастурбација води до продуктивност, мастурбацијата е она што нè опушта пред спиење и нè ослободува од стресот, кој е најголемиот убиец на денешницата. Запомнете, сè е добро во мали количини, а истото е и со мастурбацијата.

Извор: Кајгана