Секој маж има омилена секс – поза. Но, можеби не сте знаеле дека неговата омилена поза освен физичката кондиција, открива и некои тајни за неговиот карактер.
Неговиот пристап кон сексот говори што тој навистина сака во врската… Психолозите велат дека мажите често ја покажуваат својата емотивност низ сексот и дека така одлично можете да го запознаете. Еве што говори за него неговата омилена секс-поза.
Седечки
Мажите што уживаат во оваа поза често сакаат да ги покажат сопствените емоции но не се премногу амбициозни. За нив интимноста во врската е мошне важна но секако ќе ви дадат и вам простор.
Стоечки
Овие мажи исто како и во сексот и во животот напорно ќе работат за да го добијат тоа што го сакаат.
Стоечки во туш кабина
Ако тој преферира ваков секс значи дека е ефикасен, уреден и помалку здодевен.
До ѕид
Мажите што ја преферираат оваа поза бараат брзи задоволства и лесно можете да им угодите.
Кучешка поза
Оваа поза воопшто не е интимна и ако постојано те трга од себе си, тоа може да биде знак дека не сака ништо сериозно. Ваквите мажи често имаат помалку див карактер.
Жената горе
Тој е тип на маж што сака да и’ ја препушти контролата на девојката и покажува дека исто така му е важно и вашето задоволство.
Анален секс
Мажите што со девојката преферираат анален секс често се расипнички настроени, тешко е да ги задоволите и сметаат дека заслужуваат се најдобро од животот.
69
Мажите што уживаат во оваа поза имаат силно чувство за правичност, па сакаат и да задоволат, но и да бидат задоволени.
На страна
Оваа поза е мошне интимна затоа што овозможува максимален контакт на кожата. Мажите што ја преферираат често се мошне емотивни личности што сакаат на нивните девојки да им овозможат сигурност и уживаат во улогата на заштитници.
Мисионерска поза
Оваа поза е одлична за комуникација во врската, а ако постојано се одлучува за неа тогаш станува збор за традиционален маж и заколнат моногамист.
Секс играчки
Тој живее во фантазијата што е добро ако и вие сакате ист вид на возбуда. Но, ако неможе да ја замисли акцијата без помагала тогаш можеби самиот секс му е поважен од вас.