Љубов и Секс

Што го убива сексот во вашата врска?

Што го убива сексот во вашата врска?

Дали забележувате дека веќе нема толку голем ентузијазам во спалната соба? Пламенот на страста веќе не е присутен како порано…

Има долг список на причини што потенцијално ве довеле до тоа да се чувствувате вака. Сепак, она што сигурно не ви паднало на ум се вашите животни навики, за кои можеби не сте ни помислиле дека можат да ви влијаат на сексуалниот живот.

На телефонот не му е местото со вас во кревет

Ако сте од оние кои не можат да замислат да си легнат без телефонот в рака, знајте дека повеќето луѓе во светот го прават тоа (поточно 40% од испитаниците во истражувањето на Toluna Market Research Institute, а ова е особено честа појава кај испитаниците помлади од 30 години – 70%). Се прашувате, каква врска има вашиот мобилен телефон со помалку секс или целосен недостаток на секс? Ако постојано следите спортски резултати, вести или следите настани на социјалните мрежи, па заборавате дека не сте сами во кревет, сето тоа ви го ослабува либидото.

Ги прикривате вашите вистински желби

Комуникацијата е клучот за успешна и исполнета врска. Довербата што ја градите помеѓу себе и партнерот/партнерката, создава атмосфера во која и двајцата навистина уживаат во сексот. Ако не зборувате или ви е тешко да зборувате отворено за тоа кој што претпочита, ако имате притисок да скриете некои од вашите желби или да ги премолчите и да направите нешто што не ви се допаѓа – сето тоа може да го убие вашето долгорочно задоволство. Меѓу партнерите не треба да има притисок и треба да постигнете отворен и слободен пристап кон комуникација. Во некои случаи, се препорачува и консултација со сексуален терапевт.

Креветот „работи против вас“

Дали вашиот кревет чкрипи, дали е непријатен за лежење (уште повеќе за секс) и премал за двајца? Со оглед на тоа дека креветот е местото каде што обично имате секс, треба да обрнете повеќе внимание на удобноста и пријатните детали. Квалитетниот душек е дефинитивно нешто на кое не треба да штедите.

Се карате во кревет

Никогаш не решавајте ги проблемите на местото каде што имате секс. Едноставно е – дали можете да ги замислите сите оние жешки моменти на истото место каде што разговаравте за финансиските проблеми пред неколку минути? Расправиите дефинитивно не се добра стимулација за секс. Плус, кога си легнувате налутени, тоа е штетно за вашето физичко здравје.

Извор: Кајгана

To top