Можеби хороскопскиот знак не може да ви каже сѐ за една личност, но има некои заеднички карактеристики што едноставно се доминантни кај секој од знаците.
Овие карактеристики се одразуваат и во љубовниот живот и може да ви помогнат да дознаете кои работи им се привлечни, прифатливи или одбивни на вашиот партнер.
Лавовите не простуваат запуштеност, а Овните ги нервира мрзливоста кај партнерот. Што е со другите хороскопски знаци?
Овен – мрзливост
Некои од нас сакаат да го поминат денот лежејќи во кревет и гледајќи серии, но ако сте во врска со Овен, ќе им се запали црвениот аларм. Овните не поднесуваат мрзливост, тромавост и бавност, тоа го сметаат за губење време.
Бик – нестрпливост
Биковите се темелни и сакаат да си дадат време пред да донесат одлука, па ако ги побрзувате и станувате нетрпеливи за да добиете одгвор или реакција, голема е веројатноста дека ќе направите да се почувствуваат како да се под притисок и тоа нема да излезе на добро.
Близнаци – некомуникативност
Недостигот на комуникација е проблематична појава во која било врска, но во врска со припадник на хороскопскиот знак Близнаци е нешто што нема да се дозволи и толерира. За нив ако нема комуникација, нема љубов. Толку е едноставно.
Рак – бесчувствителност
Припадниците на овој знак се големи емотивци и не поднесуваат да бидат во врска со некој кој не покажува доволно чувства или емпатија. За нив емоциите се храна и ако не ги добиваат, ќе заминат без многу размислување.
Лав – запуштеност
Лавовите не се површни, ама сакаат да изгледаат средено. Ако партнерот почне да го занемарува надворешниот изглед и да се запушта, тоа ќе биде голем проблем за нив.
Девица – површност
Ако не сте способни да водите долги, длабоки, комплексни разговори, а единствени интереси ви се гледање ТВ и трошење пари, нема долго да го задржите вниманието на Девицата.
Вага – агресивност
Вагите се трудат да одбегнуваат конфликти и ако се во врска со некој што постојано бара причина за расправија или се агресивни (не само кон нив), тие ќе побараат посмирена ситуација и партнер.
Скорпија – неодговорност
Ако на Скорпија ѝ кажете дека нешто ќе направите, а не го направите, ќе ја изгубите нејзината довербата, а ко тоа ви се случи неколку пати ќе ја изгубите и неа.
Стрелец – несигурност
Стрелците се самоуверени и многу сигурни во себе, па ако имаат покрај себе некој кој не е таков, тоа ги кочи во реализирањето на нивната желба за авантуристички и брз живот. Брзо ќе им здодеете и врската ќе пукне.
Јарец – лажење
Ако глумите дека сте некој и нешто што не сте, Јарците ќе го видат тоа и нема да ви го простат. Превртливоста и лажењето се особини што тие ги презираат и нема да останат со вас ниту еден миг повеќе. Тоа се однесува и на вашето однесување кон другите луѓе, не само со нив.
Водолија – нетолерантност
Водолиите се отворени за сѐ и ги оставаат луѓето околу нив да живеат како што сакаат. Не им подлегнуваат на општествените норми и стеги и сакаат партнер со слични сфаќања. Ако покажете некаква форма на дискриминација, нема веќе да ве гледаат со исти очи.
Риби – злоба
Никој не сака злобни луѓе, но чувствителните Риби тоа нема да го поднесат ни една секунда. Многу се праведни по природа и нема да си дозволат да бидат со некој кој им мисли лошо на другите.
извор: Кајгана