Во сериозна врска, покрај љубовта нима и други важни нешта како предуслов таа да функционира. Една од овие работи, ако не и најважна е довербата која во случај на губење, тешко се обновува.
Довербата меѓу двајцата партнери може да се наруши ако:
– Имате тајни поврзани со пари, односно ако некој од партнерите крие пари од другиот, за да може да си ги троши самостојно;
– Нагло завршување на телефонските повици. Ако одеднаш се случи да го затворите телефонот и да го прекинете разговорот кога вашиот партнер влезе во собата, тоа сигурно ќе ве стави под сомневање;
– Честите промени во расположението, ова може да се сфати од партнерот дека нешто не е во ред во вашата врска;
– Кодирање на телефонот. Ако ги криете информациите во вашиот телефон од вашиот партнер, може да почне да се сомневате во неверството;
– Редовно останување во вашата канцеларија по работното време;
– Недостаток на секс;
– Често сомневање во партнерот.
Единствениот начин да се стави крај на маѓепсаниот круг е да се комуницира отворено со вашиот партнер.