Секој маж преферира различен тип на жена. Сепак, според истражувањата повеќето припадници на машката популација потсвесно „паѓаат“ на слични нешта.
Очи
Велат дека погледот не лаже никогаш. Студиите велат дека мажите најчесто паѓаат на светли очи бидејќи ги асоцираат на младост и здравје. Следниот пат кога ќе излезете со некој што ве привлекува, потрудете се да ги истакнете.
Мирис
Истражувањата покажуваат дека мажите се привлечени од определен мирис кои што го имаат жените. Жената може да го возбуди мажот со фермоните кои што ги испушта, а воопшто да не биде свесна за тоа.
Коса
Ако сте имале во план да ја скратите косата со цел да им привлечете поголемо внимание на мажите, не правете го тоа. Според студија од 2004-та, најголемиот процент од мажите преферираат жени со долга коса. Изгледа дека жените со кратка машка фризура повеќе заплашуваат со изгледот, отколку што привлекуваат.